Се ближи крајот на летото и почнува новата есенска сезона. Од предимензионирани блејзери и макси-силуети до удобни плетива и фустани од трикотажа, еве што сè ќе биде во тренд оваа есен.
Чизми до колена и макси фустан
Волуминозниот драпиран фустан со неутрален тон е вистинското парче за есенската сезона. Наскоро чизмите до колена ќе ги заменат апостолките и сандалите.
View this post on Instagram
Костим
Моментално најголем тренд во Копенхаген е костимот. Одлично прилега со панталони со висока половина, бела маичка и патики.
View this post on Instagram
Урбан ученички стил
Кардиганите и плетените елеци се одличен избор во комбинација со кошула и чино-панталони. Можете да ги искобинирате и со мини здолниште на фалти.
View this post on Instagram
Плетено дуо
XXL џемперите го диктираат стилскиот правец оваа есен. Можете да понесете и два со себе, од кој едниот лабаво ќе врзете околу рамената или половината.
View this post on Instagram
Есенски монохром
Целосниот изглед во црно е резервиран за урбаните девојки. Динамика ќе постигнете ако си играте со различни структури и форми, внимателно при комбинирањето плетиво, кожа и полесни материјали, како што се памук и вискоза.
View this post on Instagram
Џинс на џинс
Оваа сезона го копираме канадскиот стил, а парчињата од џинс е сè она што ви треба. Може да комбинирате од најсветла нијанса на тексас до најтемната.
View this post on Instagram
Мантил во фокусот
Од тренч-силуета до ретро кожени модели со големи ревери, мантилот е задолжителен во есенското модно парче.
View this post on Instagram
Линиите се евергрин
Маицата со линии што ја носевте во текот на летото сега можеме да замените со џемпер со линии. Можете да го искомбинирате со бермуди и лабаво врзани мартинки, така што ќе добиете момчешки изглед што нема да остане незабележан.
View this post on Instagram