„Ферари“ ја проширува својата дејност надвор од автомобилската индустрија и почна да инвестира во модата. Брендот ја претстави својата прва модна колекција изработена од креативниот директор на модниот бренд, бившиот дизајнер на „Армани“, Роко Јаноне.
„Сакаме да привлечеме млади мажи и жени. Нашата целна група не се само оние што ги купуваат автомобилите ‘ферари‘, туку сите оние што се свесни за брендот и неговите вредности“, изјави Јаноне.
Тој ја опиша колекцијата како флуидна, при што 80 % од моделите се унисекс, но и луксузна, бидејќи цените се движат од 200 евра за кошула до 3.000 за капут. Понудата набргу дополнително ќе биде проширена со модни додатоци.