(Фото) Бретман Рок е првиот геј маж кој се сликаше за насловната на Плејбој

Инфлуенсерот Бретман Рок е првиот геј маж што се сликаше за насловната страница на списанието „Плејбој“, пишува „Ен-би-си“. Списанието на Инстаграм ја објави најновата дигитална насловна страница со Бретман. Тој позира во корсет и чевли со високи потпетици, носеше црна вратоврска, бели манжетни и зајачки уши и опашка, во стилот на плејбој-зајачиците.

„Ова е историско“, „Ги смени правилата и го отвори патот за многу други“, пишуваат следбениците на Бретман.

Од друга страна има и такви кои не се воодушевени од неговиот изглед. „Каде отиде овој свет“, „Зошто мажите сакаат да бидат жени? Ова не е Плејбој“, „Последниот пат кога проверив, Плејбој беше за хетеросексуални мажи. Лоша одлука“, се коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Playboy (@playboy)

Бретман стана познат по своите видеа за шминка и има преку 17 милиони следбеници на Инстаграм. „Тајм“ го прогласи за еден од 30. највлијателни тинејџери во 2017 година. Пред две години, тој беше на насловната страница на списанието „Геј тајмс“. Тој има своја линија за убавина и свое шоу на „Ем-ти-ви“.

Инаку, Рок е третиот сам маж кој се најде на насловната страница на Плејбој. Пред него, на насловната беше основачот на списанието Хју Хефнер, во 2017 година, со што му оддадоа почест по неговата смрт. Лани и музичарот Бад Бани се појави на дигиталната насловна страница на Плејбој.

Scroll to Top