(Фото) Елегантна Меланија последен пат ја пречека новогодишната елка во Белата куќа

Првата дама на Америка, Меланија Трамп, елегантна со црно-бел капут, за последен пат пречека новогодишната елка во Белата куќа. Таа уште еднаш докажа дека стилистите со право ја нарекуваат кралица на стилот и ги воодушеви модните критичари, кои ја оценија со десетка.

„Меланија и овој пат избра капут кој повеќе потсетува во црно-бела боја. Ова е проверена комбинација која на сите одлично им стои. Моделот потсетува на костумите од 50те години, па ѝ даде дополнителна доза на женственост“, коментираат стилистите.

Стајлингот Меланнија го надополни со црни длабоки чизми и кожни ракавици во иста боја. Првата дама не криеше дека ужива во овој ден, па постојано се смееше, што ретко го прави во јасноста. Декорацијата на Белата куќа е посебен и спектакуларен настан, а сите со нетрпение чекаат да видат како таа ќе изгледа за време на божикните и новогодишните празници.

Scroll to Top