(Фото) Елегантно и необично: Стилизирани како њујорчанка

Њујорчанките отсекогаш биле инспиративни и јасен пример за тоа како може да се создаде необична и многу елегантна комбинација со само едно автентично парче

За модните зависнички на кои им недостасува инспирација на крајот на зимата, што да облечат или како да комбинираат неколку парчиња облека што се зимски, со полесни пролетни палта и јакни, издвоивме неколку примери од улиците на Њујорк..

Првиот пример е за комбинирање на фармерки, но и удобни панталони со раб, со полесни парчиња облека како пончо или палто со аксесоари и високи потпетици, со кои може да се облечат и мартинки – бајкерки кои се неизбежни оваа зима.

 

За љубителите на сивата и црната боја, неколку примери како се комбинираат овие две бои за да се добие многу привлечна комбинација која е погодна за секое време од денот со неколку измени.

Пример за тоа како само едно парче, во овој случај јакна која е многу шарена и впечатлива, или чевлите можат да влијаат на целата комбинација на која никој нема да остане рамнодушен.

На крај, црно од глава до пети. За деновите кога сакаме елеганција или кога навистина не знаеме што да облечеме, со комбинација од црно секогаш ќе бидеме шик и модерни.

Scroll to Top