Големите умови мислат исто. А судејќи според ова што следи, и се облекуваат исто.
Благодарение на социјалните мрежи, ви откриваме дека во последно време дури 40 водителки од САД, облекоа ист фустан чија цена е 17 евра, а на гледачите и понатаму не им е јасно зошто.
Францес Ванг, водителката на ABC филијалата на KXTV во Сакраменто, тврди дека фустанот е инсајдерски трик, а за истиот оваа 33 годишна девојка проговори и на Фејсбук. Таа одлучи да го покрене својот блог „WangWorWear“, по што некое време трпеливо одговара на прашањата на гледачите за облеката која ја носи пред камерите.
Кога станува збор за веќе споменатиот фустан, водителката сака и нежно розево и жолто фустанче, а станува збор за парче со потпис од брендот „Sedefeel“, кое може да се најде и на Амазон. Нејзиниот колега Степхен Леонарди дури и се потруди да направи карта која прикажува колку водителки оддеднаш облекоа ист фустан.
„Сестринството на фустанот на Амазон: Водителките низ цел свет го носат овој фустан за 125 куни“, напиша таа.
Открила и дека фустанот за прв пат го видела на Фејсбук групата, која ги собра водителките од различни телевизии.
„Повеќето девојки го купиле и се сликаа со него. Веднаш видов дека имаме нов тренд“, изјави таа за „ABC News“.
Иако водидетлките носат само два типа ваков фустан, тие стигаат во шест бои, а нејзиниот состав е од полиестер и спандекс.