Рускиот модел Ирина Шајк го привлече вниманието со новата модна комбинација – таа во Њујорк се прошета по кадифени тренерки комбинирани со високи чизми на потпетица. Иако повеќето жени никогаш не би искомбинирале тренерки со чизми, стилистите ја пофалија манекенката дека направила топ комбинација. Шајк изгледот го дополни со чанта со принт од зебра и маска со истиот дизајн и сребрен накит.