(Фото) Кариран фустан-кошула: водечки моден тренд за оваа пролет

Овој лелеав модел мора да го има секоја дама со стил. Им прилега на жените од сите генерации, а може да се носи и во многу пригоди. Одлично ќе изгледа во комбинација со патики, но и со високи потпетици.

Станува збор за фустан-кошула, модел кој напролет ќе биде водечки тренд, кога фустаните се во прашање.

Манекенката Криси Тајген демонстрира како овој модел ќе се носи без грешка. Можете да го носите, како неа, на малку полежерен начин или можете да додадете колан и на тој начин да ја истакнете половината и целата комбинација да ја направите малку поелегантна и поефектна.

Со обѕир на тоа дека фустаните се идеален начин да го олесниме осмислувањето на аутфитите, сигурни сме дека ќе стане вашиот омилен избор во кој ќе се чувствувате удобно, но и модерно.

Scroll to Top