Премиерот на Албанија Еди Рама не се откажува од својот лежерен стајлинг, па така и денеска на панелот во цивилно друштво во рамки на Самитот на Берлинската иницијатива во Трст, дојде во бели патики и црно одело, но краватата не изостана.
Стајлингот на Рама се гледа и на самиот почеток на видеото кое тој го постави на својот Фејсбук профил.
Премиерот на Албанија така и пред почетокот на Форумот, и тоа што има да го каже на тема на односот на земјите на Западен Балкан веќе го привлече вниманието на новинарите со својот изглед.
Ова не е прв пат да Рама вака се облекува, слично беше и на неодамнешниот состанок во Брисел кај шефовите на европската дипломатија Федерика Могерини.
Тој, тогаш на состанокот на лидерот на Западен Балкан, кој го организираше високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, стигна во патики, темносино сако и маица, која ја направија неговата појава лежерна.