(Фото) Кожените панталони апсолутен хит и оваа сезона

Сите парчиња облека изработени од кожа и зимава се позиционираат високо на модната листа, а најпопуларното парче се секако – панталоните.

Тие веќе неколку години се во тренд, а така е и оваа сезона. Кожените панталони се клучно парче на добриот изглед, велат модните експерти, а секоја жена што ги следи трендовите мора да ги поседува во својот гардеробер.

Во обѕир доаѓаат црните, крем, маслинесто-зелените и оние во бордо боја. Може да се носат во комбинација со патики, рамни чизми, но и високи потпетици.

Ова се 10 начини како можете да го комбинирате ваквиот модел на панталони.

 

Scroll to Top