ФОТО: Манекенката која направи пауза поради злоставување на интернет, се врати посилна од кога било

На прв поглед Дуцки Тутх, изгледа како Барбика. Манекенката со потекло од Судан и Австралија, со својата појава, го воодушеви Инстаграм, но патот до нејзиниот успех не бил така едноставен.

Кога таа имала само 17 години, била една од фаворитките во шоуто Australia’s Next Top Model.

Иако тоа звучи како многу охрабрувачко искуство, таа подоцна признала дека трпела константно злоставување на интернет поради својата боја на кожа, коса и тежина, а една од највлијателните, Вини Харло, дури изјави дека таа има „глава како цвеќе“.

„Како 17 годишна девојка, доживеав многу од тоа и ми беше тешко да сватам што ми се случува“, изјави таа во едно свое интервју во 2016 година. Заштита и овозможила поранешната членка од жирито Шарлот Давсон, која и самата била жртва на напад на интернет. Давсон извршила самоубиство во 2014 година, но Дуцки и понатаму ги следи нејзините совети. „По шоуто“, тоа беше тоа што ме движеше напред“.

По неколкуте години пауза, во која ја врати силата, таа се врати посилна од кога било. Сега има 21 година и 300 илјади обожаватели на Инстаграм. Нејзините обожаватели ја нарекле „Барбика“, а таа титулата ја прифати со радост.

[URIS id=357718]

Scroll to Top