Мажите главно во облеката бараат удобност. Можеби кошулата сезонава не е во тренд, но ако мажот се чувствува удобно во неа, тогаш и покрај сè тој ќе ја носи. Но, машка мода постои. И добро е да се знае што ќе се носи оваа зима.
Неоспорен тренд на претстојната сезона е крзното, посебно за мажите што се сметаат за вистински ловци. Тука спаѓаат џемпери од зајачка волна, класични крзнени палта, крзно на јаки и капи.
Мажите, пак, кои сакаат да ја истакнат мажественоста имаат разни можности да го направат тоа. Обемни ракави, лабави џемпери без форма и широки палта, облека со нијанса на платина и бакар, како и широки панталони со метален ефект се дел од изборот.
Главните модерни бои се светлосина, зелена, жолта и црвена и се комбинираат со сите темни нијанси.
Дизајнерите направија важен акцент и на ременот. Мора да биде врзан на начинот на кој султаните некогаш ги врзувале облеките, за да ја истакнат половината на костумите и палтата.