(Фото) Највпечатливите џемпери на принцезата Дајана повторно во продажба

Њујоршкиот бренд Rowing Blazers во својата најнова колекција ги вклучи двата највпечатливи џемпера што ги носеше принцезата Дајана – црвениот џемпер со десетици бели овци и една црна и розово-белиот џемпер со натпис „Јас сум луксуз“. За џемперите веќе има долга листа на чекање, а достапни се во машка и женска верзија за цена од 300 евра.

Џемперот наречен „црна овца“, Леди Ди го добила подарок од мајката од еден од келнерите на нејзината венчавка. Поради пораката што ја носи, многу ѝ се допаднал. Овој џемпер го дизајнирале Џоана Озборн и Сели Мур, дизајнерки на модната куќа Warm & Wonderful. Џемперот првпат е изработен 1979 година, а бил повлечен од продажба во 1994 година.

Од брендот Rowing Blazers велат дека целта била да се задржат истиот материјал и плетката на џемперите и тие да бидат направени целосно од волна.

 

Scroll to Top