(ФОТО) Наташа ги воодушеви сите со сопствениот креации на модниот едиторијал

By
Модната креаторка Наташа Дамјановиќ се претстави во јавноста пред околу година дена, кога ја одржа својата прва хуманитарна ревија.

dobivaj vesti na viber

Таа прави уникатни, рачно изработени фустани, и сите ги изработува самата, а за изработка на една потребни се неколку месеци.

Повеќето фустани се изработени без игла и конец, и многумина ги оставаат без здив. Повеќето фустани ги работи во црна боја.
Наташа нема свои идоли, ниту ги следни модните трендови, ја следи само својата фантазија, и создава свој моден тренд.
Така, таа не ги црта своите фустани, туку потребно и е само парче материјал за да почне со работа.
Нејзината креација, за кратко време стана многу препознатлива, што ја издвои од масата, а наскоро почнува и со сериска изработка и продажба во странство.
Наташа исто така е подготвена и за својата друга самостојна ревија, а сите нејзини креации можете да ги погледнете на нејзината официјална Инстаграм страница на следниот линк:
За нејзината шминка се погрижија експертите од „Putity“ академијата.
Повеќе нејзини фотки од едиторијата погледнете ги подоле:

Ќе ви се допадне