(ФОТО) Откривме многу поевтина „двојничка“ на мега популарната „Gucci“ маица

Обичната бела маичка со лого на модната куќа „Gucci“ изминатите неколку месеци ги преплави социјалните мрежи.

Во своите плакари ја имаат сите популарни модни блогерки, кои за неа се подготвени да издвојат дури 800 евра.

Оваа маица брзо ја стекна титулата на статусен симбол во модните кругови, иако се работи за најобична Т-маица. Тренд- луѓето, најчесто ја комбинираат со обични фармерки, и некои кул чевли, а привлекува и нејзиниот ретро изглед.

Но веруваме дека повеќето од вас не можат да издвојат толку пари за едно парче, и баш заоа сме среќни кога налетавме на еднакво добра, но многу поповолна двојничка на оваа мегапопуларна маица.

Иако на неа не пишува „Gucci“, очигледно е дека брендот инспирацијата ја пронајде во парчињата на оваа луксузна куќа, а ако не патите за марките, сигурно нема да знаете да го цените овој одличен улов.

 

Scroll to Top