Францускиот двор инспирација за новите чевли на Лубутин

Лубутин ја презентираа новата ексклузивна капсулна колекција, потпишана од страна на познатиот бренд. Новата колекција дизајнирани чевли доаѓа како резултат на соработката со онлајн-шопинг платформата „Мода операнди“.

Колекцијата е инспирирана од костимите на францускиот двор од 18 век, а Лубутин создаде три дизајни на чевли со везени детали од сребро и злато.

Чевлите се рачно изработени и за изработка на секој чевел посебно требало 67 работни часа, во која бил вклучен тим од 6 лица.

Scroll to Top