(Галерија) Диско-чизми, костими и проѕирни фустани во новата колекција на Викторија Бекам

Британската дизајнерка Викторија Бекам, иако најави банкрот, сепак ја претстави својата нова колекција за сезоната есен-зима 2021. Во колекцијата доминираат удобни парчиња, а Викторија вели дека е инспирирана од пандемијата и фактот што повеќето луѓе речиси една година повеќе се затворени дома отколку што излегуваат надвор.

Бекам ја претстави оваа колекција надвор од рамките на Лондонската модна недела, која почнува на 19 февруари. Според неа, сезонските календари во моментот звучат бесмислено.

Колекцијата е елегантна и едноставна со парчиња за жени со изострен вкус, кои ни дома не седат во тренирки, туку во фустани или панталони. Диско-чизми, костими на пруги, воени детали, како златните копчиња на ремениците, јакни и кошули, удобни фустани, смели цветови, широки панталони, плетени и тексас-парчиња доминираат во колекцијата.

 

Scroll to Top