(Галерија) Елегантни ретро венчаници во стилот на 50-тите

Во потрага по совршена венчаница за својот посебен ден, девојките земаат во обѕир различни епохи, не ограничувајќи се само на современата мода.

Можеби отсекогаш сте се воодушевувале на фустанот кој вашата мајка го носела на својата венчавка, постарата сестра, или можеби баба, а можеби едноставно себеси не се гледате во модерните модели кои се насекаде околу нас. Ако е така, она што ви треба е ретро венчаница, а во оваа прилика нашето внимание го посветуваме на една посебна – онаа во стилот на 50-тите години од минатиот век.

Тие со себе носат прекрасен ретро ефект, а денес постојат и модерни приказни на ваквите венчаници кои можат да бидат совршен потег доколку сакате да го споите минатото и сегашноста. Модните креатори се потрудија да креираат навистина многу поразлични варијанти на овие венчаници. Многу од нив се во винтиџ должини, што допринесува до сензуална појава на девојките кои ги носат.

Доколку за својот голем ден сте одбрале ретро тема и сакате вашата венчаница да биде во ист стил, на вистинското место сте. Ви носиме бројни инспиративни идеи кои можат да ви послужат за пронаоѓање на совршената венчаница.

Венчаниците во стилот на 50-тите кои ѝ ласкаат на женската фигура, нагласувајќи ја нејзината става. Женските глуждови во нив доаѓаат до израз, како и чевли или сандали кои невестата ги носи. Во ваквиот фустан, невестата е слободна да заигра во ритамот на својата омилена музика. Ваквата лелеава и заводлива венчаница е совршена за сите дами кои сакаат нивната фигура да дојде до израз. Со ракави или без, со тантелна, тил и сатен или едноставност на која ѝ е дадена предност, на вас е да изберете, а едно е сигурно – со ваквата венчаница нема да направите погрешен избор.

Scroll to Top