Ели Голдстајн е првиот модел со Даунов синдром која позираше за светскиот моден бренд „Гучи“. Фотографиите на Ели се појавија во италијанскиот „Вог“. Со ова, таа го помести границите на модата и поимот за убавина, пишуваат светските медиуми.
18-годишната девојка, пак, вели дека соништата полека ѝ се исполнуваат.
„Едвај чекам да позирам и за други брендови“, изјави Ели.
И нејзините родители велат дека се горди на својата ќерка, која отсекогаш била самоуверена пред камерата.