(Галерија) Фустани со светки за топ-изглед за Нова година

Светкавите фустани се одлична опција за која било забава, но без нив не може да помине ни новогодишната ноќ. И иако оваа година празнувањето ќе биде поинакво, зошто да не се дотерате дури и да сте дома, само со семејството.

Без разлика на вашиот стил, секогаш можете да пронајдете совршен фустан со светки што ќе го облечете. Ако имате покласичен стил, тука се долгите фустани со детали од светки во придушени нијанси. За похрабрите, дизајнерите креираа миди фустани со прашина од светки, кои блескаат на многу софистициран начин. За најхрабрите девојки, дизајнерите изработија мини фустани во силни бои.

Scroll to Top