(Галерија) Ќерката на Мадона со неизбричени пазуви во новата кампања на Марк Џејкобс

Лурдес Леон, најстарата ќерка на Мадона, е ново заштитно лице на модниот дизајнер Марк Џејкобс. Неколку фотографии од новата кампања се појавија во јавноста, а Лурдес повторно е со неизбричени пазуви. Фотографиите предизвикаа спротивставени реакции, па едни ја критикуваа дека не изгледа убаво и не е хигиенски, а други ја поддржаа велејќи дека им се допаѓа што е природна.

24-годишната танчарка и манекенка ја сними новата кампања на Џејкобс два месеца по појавувањето на рекламата инспирирана од Y2k за Juicy Couture.

„Лурдес совршено се вклопува во идејата на брендот, таа позира со новите уникатни додатоци – tote bags, патики, впечатливи градници и накит. Марк има долга приказна со Мадона и затоа имаше смисла Лола да биде заштитно лице на кампањата бидејќи таа совршено ги вметнува младиот дух и бескомпромисното чувство за индивидуалност, што е од клучно значење нашиот бренд“, стои во соопштението до јавноста.

 

И Лурдес објави неколку фотографии на својот инстаграм-профил и му се заблагодари на дизајнерот што ја избрал токму неа.

Scroll to Top