(Галерија) Македонски дизајнер ја облече Хајди Клум за Берлинската модна недела

Светски познатиот дизајнер со македонско потекло, Тони Матичевски, ја облече Хајди Клум за неодамнешната Берлинската модна недела. Топ моделот беше специјална гостинка на последниот ден од модниот настан и ги водушеви стилистите со белата комбинација. Креацијата од панталони, сако и корсет со сребрени детали, беше дополнета со маска во истиот стил.

Матичевски уште пред неколку дена најави дека подготвува нешто за германскиот топ модел, а откако таа ја носеше неговата креација во Берлин, и самиот објави фотки на „Инстаграм“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TONI MATICEVSKI (@toni_maticevski)

Scroll to Top