Викендов во Лос Анџелес се одржа доделувањето на Греми-наградите.
Некои познати личности се одлучија да не присуствуваат на доделувањето, а други се одлучија да се појават во интересни и необични креации.
Дуа Липа во фустан на „Версаче“ ја подигна наградата за најдобар пoп-албум.
Раперот Да Бејби носеше шарен костум на „Долче и Габана“. Били Ајлиш беше облечена во нејзин стил, во костим на „Гучи“, со шапка и ракавици со исти детали.
Тејлор Свифт носеше креација на Оскар дела Рента, за кој изјави дека специјално ја дизајнирал за неа и за Греми-наградата, а за која Тејлор постави нов рекорд. Оскар фустанот го нарече „цветниот фолклор“, како и името на албумот на пејачката – „Фолклор“. Во комбинација со фустанот таа носеше и маска со слична шара.
Американската раперка Доџ Кет на Греми-наградите се појави во необичен фустан, па токму затоа, според американските модни критичари, ја понесе неславната титула на најлошо облечена дама. Фустанот беше украсен со зелени, кафеави и црни пердуви на долниот дел и бел горен дел изработен од екокожа во црни и жолти детали.
Во продолжение во галеријата со дел од необичните модни комбинации од 63. доделување на Греми-наградите.