(Галерија) Пастелни бои, модерни кроеви и елеганција во новата колекција на Ели Сааб

Израелскиот моден дизајнер Ели Сааб ја престави својата нова колекција за сезоната пролет/лето 2021. Тој објави слики и видео снимени во природа. Во колекцијата со препознатлив стил на Сааб доминираат пастелните бои, елегантните кроеви, длабоктеи деколтеа… Освен фустани, тој овој пат дизајнира и деловни, но модерни костими со здолништа и пантолони.

„Сакаме да ги славиме животот и квалитетот на животот,“ изјавил за „Вог“ славниот дизајнер коментирајќи ја колекцијата.

И покрај тоа што неговиот дом и ателје беа разрушени во големата експлозија во Бејрут, дизајнерот реши да не го одложи претставувањето на новите модели.

Scroll to Top