(Галерија) Серена Вилијамс првпат во модна кампања со ќерката Олимпија

Најдобрата светска тенисерка, Серена Вилијамс, сними модна кампања со својата тригодишна ќерка Олимпија за познатиот спортски бренд „Стјуарт Вајцман“.

Кусото видео од кампањата, наречено „Стапки што треба да се следат“, Серена го објави на социјалните мрежи. Мајката и ќерката позираат во исти парчиња облека, кои се дел од новата колекција на брендот за сезоната пролет 2021 година.

Во видеото Вилијамс зборува за мајчинството и дали сака Олимпија да стане тенисерка.

„Дефинитивно, би ја нарекла Олимпија мини јас. Таа е мини Серена. Таа е толку симпатична и забавна. Не знам дали се надевам дека ќе ги следи моите стапки. Сакам да прави што сака и што е најдобро за неа“, вели тенисерката.

Вилијамс и самата има своја модна линија „С“.

Серена ја доби Олимпија во брак со бизнисменот Алексис Оханијан, со кого се омажи во 2017 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams)

Scroll to Top