(Галерија) Спортски гламур и студентски приказни за затворањето на Моден викенд Скопје

Со ревијата на дизајнерката Олгица Ѓоргиева, вчера заврши 20. Моден викенд што изминатите три дена се одржуваше во Музејот на град Скопје. Таа ја претстави колекцијата E!Motion, која пренесе порака дека „да се сакаш себеси е една од најмоќните и највистински емоции во животот“.

Третата вечер на Моден викенд Скопје почна со ревијата наречена „Студентски приказни“ на студентите од Академијата за моден дизајн во склоп на „Џолев и уметностите” и „Сеавус едукативен и развоен центар”, преку групна ревија на која се претставија дизајнерите под менторство на професорот Никола Ефтимов.

Наталија Терзија на Моден викенд Скопје ја промовираше линијата за спортски-гламур Terziya movement – колекција од 15 парчиња со минималистички комфор и доза на футуризам. По неа, своите модели пред публиката ги претстави Сара Реџиќ. Колекцијата Romantic Fall се состои од 25 креации, кои ги карактеризираат рачно изработени детали.

Фото: AD Photography

Scroll to Top