(Галрија) Уличен стил: како да ја носите тексас јакната оваа сезона

Тексас јакните се еден од омилените предмети во гардероберот на љубителите на модата. Можат да се носат како основни модели наесен или да се обесат преку рамо за време на ладните летни вечери, но и доколку се креира слоевит изглед, тексас јакната ќе изгледа прикладно и во зима.

Активистите на уличниот стил на улиците на главните модни престолнини прикажуваат 1000 начини на носење на тексас јакните, бирајќи помеѓу предимензионалните модели или јакни со волуминозни ракави. Останатите љубители на модата сакаат дезени од осумдесеттите, тексас јакни со контрастни рабови. Оваа сезона нема ограничувања со тоа како да ја искомбинирате јакната од тексас.

Девојките лесно можат да комбинираат сестрана тексас јакна со лелеави макси фустани, свилени и проѕирни здолништа, основни пантолони и други елементи од гардеробата.

Како главните ѕвезди на уличниот стил ги носат тексас јакните, погледнете во нашата галерија со фотографии.

Scroll to Top