Холивудските ѕвезди облечени во „Гучи“ ја промовираа новата колекција на светскиот бренд

Актерите Меколи Калкин, Џоди Тарнер-Смит и Џаред Лето ја промовираа новата колекција на „Гучи“. На ревијата што се одржа на булеварот Холивуд, се појавија и Мајли Сајрус, Гвинет Палтроу, Лизо, Серена Вилијамс и Били Ајлиш.

Креациите се на дизајнерот Алесандро Микеле за колекцијата пролет-лето 2022 е инспирирана од златното време на Холивуд.

Според американските медиуми, Меколи Калкин беше ѕвезда на модната ревија. Тој скоро цела година не се појавил во јавноста, па неговото излегување на модната писта изненади многумина. Ѕвездата од „Сам дома“ на ревијата носеше светло кафени панталони и кошула и јакна со шарени детали,

 

Scroll to Top