Искинатите фармерки се во мода веќе некое време, но модната куќа Гучи да го прошири трендот и на искинати хулахопки по цена од 190 долари. За кратко време понудата на нивниот производ стана вирална, откако Инстаграм профилот Диет Прада, кој важи за самопрогласен чувар на меѓународната модна индустрија, ги сподели црните искинати хулахопки.
„Добро ли е оној кој платил 190 долари за овие однапред искинати хулахопки на Гучи?“, стои во објавата.
Ова ја разгори јавноста, па кај дел од интернет-корисниците стана предмет на потсмев, додека други се воодушевени од производот.
View this post on Instagram
Ова не е првпат Гучи да произведе нешто вакво. Во септември, таа ја претстави својата колекција есен/зима, која вклучуваше пар тексас фармерки со зеленикава нијанса на нив, кои даваа впечаток дека се извалкани од земја и трева. Тие чинеа 1.200 американски долари и предизвикаа слични реакции.