Стилот кој го преферирате и изборот на долна облека во голема мера го одразува вашиот карактер.
Склоноста кон тоа да носите удобна, секси или некоја друга долна облека, ги открива вашите афинитети, како и тоа колку уживате во сексот. Иако повеќето жени поседуваат долна облека за сите прилики, од оној резервираниот за спиење, за „оние“ денови, пријатни прошетки и акција во спалната соба, во оваа прилика ќе се осврнеме на тоа во која облека вие најдобро се чувствувате.
Црна чипкаста долна облека
Вие сте личност која знае што сака и како тоа да го добие. Го опишува вашиот силен карактер и истечен стил. Не се менувате поради никого и не сте слеп поборник на трендовите. Доминантни сте во врската и на партнерот му ставате до знаење што може да очекува од вас. Уживате во својата долна облека, и ја бирате со голема љубов и внимание.
Бела едноставна долна облека
Вие сте всушност романтична душа. Некој кој ги негува нежните чувства и тежнее кон складен однос во врската/ верувате во себе, но не го наметнувате својот став на другите. Толерантни сте и знаете на кој начин да им пристапите на другите. Вашата грижлива природа се прикажува во сите аспекти од вашето делување.
Црвена секси долна облека
Бојата на страста, копнежот и водењето љубов. Сакате да сте во центарот на вниманието кад и да се појавите. Ви се допаѓаат аплаузите и пофалбите. Своите најдобри страни ги искажувате и користите до максимум. Обожавате да ги заведувате сите околу себе и уживате во машките воздишки.
Нежни розови тонови на долна облека
Вас ве одликува љубовта кон животот и неговите убавини. Вие сте личност со авантуристички дух и спремни сте секогаш да одите чекор понатаму. Неуморни сте и посакувате да искусите сè што ви нуди животот. Популарни сте во друштвото, токму поради вашата недопирлива страна.