Ефектните модни додатоци се клучни за постигнување на уникатен стајлинг кој се издвојува од масата. Мал, но значаен детаљ на летните парчиња им дава додатна доза на одважност и ги прават наизглед поскапи и полуксузни.
Еден од нив е доста популарниот ланец, но и оној во комбинација на кожа и метал, кој може да се носи во сите комбинации – преку сако или фустан, до бермуди и здолниште или на обичен пар фармерки. Независно од тоа дали преферирате златни или сребрени додатоци, а во продолжение на текстот, погледнете неколку фотографии кои ги подготвивме за вас и инспирирајте се.
Каишите веќе долги години наназад се омилен детаљ на модната сцена. Оваа година, колекцијата ја збогатија оние кои можат да се носат околу колковите и околу струкот. Многу од нив можат да се најдат по навистина ниски цени.
Едноставните парчиња ќе се подигнат на ново ниво, додека оние во јарки и пастелни бои ќе ги направат попрефинети. Со класичните ланци, оваа сезона хит се и оние со приврзоци во облик на буква и други разиграни мотиви.
Ако овој моден додаток уште не сте го додале во својата летна гардероба, сега е вистинско време.
View this post on Instagram
Once all of this is over, this will be my most casual, supermarket look… #StayAtHome