Како брзо и едноставно да ги раширите тесните чевли

Ви се случило ли некогаш да купите чевли и тие да ви се тесни? При испробувањето во продавницата сѐ си беше во ред, но веќе наредниот ден кога ги облековте по само неколку чекори го почувствувате таа грозна болка во пределот на петицата и прстите?

Доколку не сакате да страдате во тишина и да трпите болка поради тесните чевли, послужете се со овој едноставен трик – тој ќе ви помогне чевлите да ги „зголемите“ дури за половина број.

Пред сѐ, потребен ви е фен за коса и подебели чорапи. Насочете го фенот на внатрешниот дел од чевлата кој ве стега и загрејте го околу една минута.

Навлечете ги чорапите и облечете ги чевлите. Прошетајте низ дома неколку месеци, додека чевлите да се изладат. Така ќе добиете чевли кои сега би требало да ви одговараат, а ако е потребно, процесот повторете го уште еднаш.

Напомена: Овој трик „пали“ само кога се во прашање кожените обувки.

Scroll to Top