Фармерките ни се омилени модни парчиња на повеќето од нас.
Ги носиме уште од детство, во текот на средношколските денови, на студиите, а потоа дојде време кога се упативме во канцеларија и повеќе не можеме да ги носиме.
Па и не баш!
Иако спаѓаат во кежуал модни парчиња, фармерките лесно можете да ги носите и во нешто поформални пригоди како што е работата.
Битно е само со што ќе ги комбинирате.
Погледнете го нашиот мал водич со пет идеи, како фармерките да ги прилагодите на деловниот стил.
1. Шанел палто и салонки во боја – За да изгледате женствено и отмено облечени, искомбинирајте тесни фармерки со Шанел палто и салонки на ниска потпетица. Можат да бидат и во силна боја, чисто да разбиете монотонија.
2. Длабоки фармерки и кошула – Облечете лелеава кошула на раскопчување и вовлечете ја во фармерки со длабока половина. Така на целиот изглед ќе му дадете една одмерена нота, ќе ја нагласите половината и ќе делувате професионално.
3. Држете се до класиката – Класична бела кошула, фармерки со рамен крој и црни салонки се нешто со кое никогаш нема да можете да погрешите, па ни во варијантата за на работа.
Ќе изгледате уредно, сериозно и професионално.
4. Темните фармерки се решение – Темниот џинс може да се носи во секоја пригода, а особено во деловната. Нека биде едноставен, без избледени делови и украси и одлично ќе го надополни секој изглед.
Искомбинирајте го со светли модни парчиња и детали за вистински впечаток!
5. Тенко џемперче и палто – Без разлика кои фармерки и да ги облечете, ако ги искомбинирате со палто, ќе изгледате инстант скоцкано за во канцеларија.
Во текот на зимските денови облечете потенко џемперче, а под него кошула, а во текот на потоплите денови прескокнете го џемперчето и подготвени сте за на работа.