Како да носите кадифе ова лето

Популарноста на кадифето последниве сезони расте и тоа е можеби последица на неколку фактори: постои желба за шик изглед и потрага по инспирацијата во барокна тема, како и носталгијата за 90-тите, но и затоа што Ив Сен Лоран го оживеа овој заборавен кралски материјал и го доведе на модните писти во вид на кадифени блејзери.

Оваа ткаенина долго време се пробиваше во женската гардероба, пред сè поради цената. Во почетокот ова кадифе беше достапно само за благородниците, а во почетокот на дваесеттиот век, благодарение на Коко Шанел, кралската ткаенина стана побарана од претходно, а секоја љубителка на модата сонуваше да добие елек од кадифе.

Сега овој материјал не е резервиран само за вечерни излегувања или „посебните пригоди“. Оваа сезона дизајнерите покажаа многу можности за применување на кадифето во секојдневниот изглед. На пример, моменталната комбинација со тексас-бермуди, како во колекцијата на Сен Лоран.

Scroll to Top