Како најдобро да ја комбинирате црната чанта

Многу модни експерти се согласуваат дека црната чанта треба да има моден статус исто колку и малиот црн фустан, белата кошула и фармерките.

Речиси секоја дама обожава црни чанти бидејќи лесно се комбинираат и може да се носат речиси во секоја пригода.

Најпопуларни се помалите во комбинација на метални и кожени рачки, но на дамите еднакво им се допаѓаат и поголемите со интересни детали. Црната чанта е секогаш добра инвестиција бидејќи ќе можете да ја носите во сите сезони.

1. Спортска елеганција

Комбинација каква што никој не можеше да замисли пред неколку години – тренирка и елегантна чанта. 

2. Комбинација за секој ден

Црната чанта ќе ви стане омилен моден додаток бидејќи нема да мора да ги префрлате шминката, клучевите и парите во друга чанта, туку само ќе ја смените комбинацијата.

3. Незаменлив дел од деловниот изглед

За совршен деловен изглед, кој зрачи со елеганција и женственост, потребно е навистина малку – кариран капут, кој е во тренд оваа сезона, фармерки и црна чанта како совршен моден додаток, кој ќе го комплетира овој изглед.

Scroll to Top