Белите фармерки од секогаш биле одлична идеја. Удобни, свежи супер шик, тие се еден од летните парчиња кои морате да ги имате, а кои ние едноставно ги обожаваме.
Иако се носат со години наназад, ние ви предлагаме да проучите некои нови кул комбинации кои во наредните месеци ќе ви пружат феноменален изглед. А кога зборуваме за белите фармерки, постои само препуштање на комбинациите.
Ви откриваме пет од нив на кои тешко ќе можете да им одолеете.
Тотален изглед (од тексас)
Лежерна облека која може да се носи и навечер со вистински модни додатоци.
Со класична маичка на линии
Овде преминуваме на класичното (и безвременото). Секогаш добро решение е совршениот морнарски стил.
Со цветна блуза
Секогаш женствена и романтична комбинација од бел тексас со цветна блуза, во тоа нема никаков сомнеж. Во текот на денот, носете ја оваа комбинација со патики и рамни чевли, додека навечер можете да облечете високи потпетици.
Со кроп топ и блејзер
За да ги подобрите белите фармерки и да ги направите навистина елегантни, нема ништо подобро од мешање со убави долги блејзери. Без разлика дали тоа е црната боја или си играте со неутрални нијанси, резултатот ќе биде и понатаму најдобар.
Со макси кардиган
Како да ги комбинирате тесните фармерки? Одлучете се за макси кардиган и надополнете го стајлингот со пар еспадрили. Резултатот? Едноставно и шик!