Кажете им чао на градниците

А ова се сите трикови што ви се потребни за да ги оставите градниците безгрижно дома…

Прифатете ги своите гради онакви какви што се. Индустријата на градници потполно ја изврте нашата слика за идеалните гради. Дека совршените гради не постојат и дека без градникот сите  малку повеќе висат, малку помалку се центрирани. Секако, зборуваме за природните гради. Носењето облека без градник бара малку повеќе самодоверба, значи вашите гради се супер баш онакви што се.

Ако луѓето се загледуваат во вас, загледувајте ги и вие нив. Да бидеме реални, оваа ситуација се случува секој пат кога ќе се одлучите да направите нешто храбро и необично. Доколку излезете без градник, некој ќе забележи, некој ќе се згрози, друг ќе се воодушеви. Доколку забележите дека некој од вас не го трга погледот, покажете му дека сте сигурни во себе и возвратете му со иста мерка. Исто така, нормално е да сте свесни за својата околина, а може е да бидете по малку несигурни. Сепак, само затоа што вие знаете дека немате градник, не значи дека тоа го знаат и останатите. Единствена важна работа е тоа дека вие се чувствувате добро, особено кога ќе  почувствувате олеснување кога ќе се ослободите од крутите жици и иритирачките прерамки. Барем понекогаш.

Користете налепници за брадавиците. Постојат различни видови налепници кои совршено ги прекриваат брадавиците, а со тоа ги штитат и од иритација, но и вас од евентуални нелагодности. Налепниците можат да се најдат во поголемите дрогерии, а наш предлог се силиконските, кои се нешто поскапи, но се совршени за секоја пригода.

Избегнувајте незгоди при одбирањето облека која совршено се лепи за вашето тело. Случајното испаѓање на брадавиците и не е така ретка појава, а незгодата  многу лесно би можеле да ја доживеете и без да ја забележите. Затоа многу жени проблемот го решаваат со користење лепливи ленти во пределот на деколтето за да бидат сигурни дека сè стои на своето место. Сепак, се работи за кожа, а кожата сама по себе е доволно масна што подолго време не може да издржи ни на најјаката леплива лента. Одењето на кројач и избирањето совршен фустан, туника, блуза или топ е сепак далеку посигурно решение.

Scroll to Top