Кимоно фустан – модно парче идеално за оваа есен

Кимоното е традиционална јапонска облека, која настапи на модната сцена поради лесниот и фин материјал, како и поради дезените кои можат да бидат едноставни, но и шарени.

Токму поради материјалот, кимоното е идеално како капут за престојниот период – кога температурата полека опаѓа, а ноќите стануваат постудени.

Кимоното со атрактивен дизен дава специфичност, дури и за наједноставната облека.

Најчесто се носи со еднобојна маичка со прерамки и фармерки, а идеално се комбинира со шорцеви или панталони со широк крој.

Во зависност од обувките што ќе ги одберете, стилизирањето со кимоно може да биде секојдневно – со патики или папучи, или елегантно – со сандали или потпетици.

Моделот на кимоното може да биде и пократок и подолг, а што се однесува до дезенот, важи правилото: колку пошарено, толку подобро.

Scroll to Top