Кломпите повторно во мода

By

Трендовите се вртат во круг, а сега на ред се кломпите. Според модните експерти, овој модел на обувки ќе го гледаме често во наредниот период. Обувките што имаат специфичен изглед со заоблен горен дел и платформа, најчесто од дрво, се вратија на модната сцена и не планираат да се повлечат од модниот трон.

dobivaj vesti na viber

Во мода ќе бидат монохроматските, но и оние со впечатлив принт. Дизајнерите велат дека може да се носат во сите пригоди, па дури и во комбинација со елегантни фустани.

Овие обувки предизвикаа поделени мислења кога првпат се појавија на модната сцена кога Карл Лагерфелд ги вметна во својата колекција на „Шанел“ за пролет/лето 2010 година. Пред тоа беа резервирани само за домашна употреба. Но, исчезнаа по неколку сезони. Годинава ќе имаат голем камбек, а сакале или не, нивната удобност не може да се оспори.

Еве како можете да ги носите:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ingrid Wilkinson (@ingridwilkinson)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tin Vcb (@tinvcb)

 

Ќе ви се допадне