Која е најдобрата чанта за секој хороскопски знак?

Кога чантите се во прашање, најчесто го избираме оној стил што најмногу им одговара на нашите потреби и вкусови, така што деловниот тип избира структура, а некој што е во постојано движење, ќе избере лесна чанта. Забавувајте се и проверете кој стил на чанта најмногу му одговара на вашиот знак.

Овен

Овенот е знак кој е познат по својата енергичност и одлучност, па затоа и самата чанта треба да биде во склад со тоа, така што структурираниот тип во потемна боја би бил полн погодок.

Бик

Квалитетот и практичноста се особини што Бикот ги цени во сите животни аспекти, па така и во модата. Сакаат помеки модели во посветли нијанси.

Близнаци

Од една страна, на Близнаците им треба чанта за секојдневна употреба, а од друга, таа мора да биде забележлива. Моделот на класичен дизајн во јаки бои е совршен за овој знак.

Рак

Ракот е моден традиционалист и секогаш попрво ќе избере класична чанта отколку некој модел по последната мода. Истото важи и за бои и дезени, предвид доаѓа само она што се носи од сезона во сезона.

Лав

Лавот е секогаш весел и со насмевка на лицето, па затоа нему најмногу му одговара чанта со необичен дезен, која е еднакво практична и карактеристична.

Девица

Сериозната Девица многу ги цени организираноста и професионалноста. Цврстата чанта, која е примерна за работа и секојдневна употреба во севременска боја, е совршен избор за неа.

Вага

Вагата можеби малку потешко ќе се одлучи помеѓу структураната чанта само со рачки или слатката чанта, која се носи преку рамото. Но, златна средина, односно структурираната, која оди преку рамото, се чини идеална опција.

Шкорпија

Шкорпиите сакаат модни трендови, но не им робуваат. Меѓу тренди-моделите на чанти многу добро знаат да ги препознаат оние што ќе се носат неколку сезони и токму таквиот модел ќе го изберат.

Стрелец

Авантуристичкиот дух на Стрелецот го прави спремен на секоја промена и ненадеен предизвик така што елегантниот ранец е идеален избор за овој знак.

Јарец

Јарецот е традиционалист кому му треба софистицирана, класична и севременска чанта. Таквиот модел во црна боја ќе одговара на секој аутфит за кој овој знак ќе се одлучи.

Водолија

Храбри и ексцентрични, Водолиите сакаат да привлекуваат внимание со своите комбинации, па за нив е створена секоја ефектна и впечатлива чанта, која ги поместува модните граници.

Риби

Рибите се често љубителки на помалку боемски комбинации и им одговара таков стил на чанти. Но, сакаат и малку романтични модели во нежни нијанси, кои исто така ќе бидат добар избор.

Scroll to Top