Кожена облека во чоколадна боја, хит за оваа сезона

Кожените модни парчиња одамна важат за прави есенски класици, но за следнава сезона ќе доминираат од поинаков агол. Наместо вообичаената црна кожа, оваа есен ќе носиме луксузна темнокафеава боја. Гледајќи ги ревиите на познатите модни брендови, со сигурност можеме да кажеме дека: чоколадната нијанса е новата црна боја, а кожата во оваа боја изгледа речиси подобро од свила.

Може да почнете со класичен капут или палто со рамен крој. Или, пак, да се одлучите за фустан, смели асиметрични здолништа или широки фармерки. Преголема кожена јакна може да биде уште една одлична алтернатива. Многу трендсетерки ја користат за да создадат слоевит изглед, а оние посмелите дури ја носат јакната и како мини фустан.

Чоколадната нијанса има една важна предност: додава елеганција и шмек на секој изглед. Есенската топла и богата боја може да биде одлична основа за секојдневниот стајлинг. Не е помалку сестрана од црната, а во исто време изгледа поблагородно и побогато. Исто така, таа е одлична за забава или состанок – не заборавајте да пробате чоколаден кожен фустан и да им дадете предност и на миди или макси должините.

Прондајдете инспирација во нашата галерија.

CHLOÉ
LVIR
BOTTEGA VENETA
AMI PARIS
REMAIN BIRGER CHRISTENSEN
NANUSHKA
SUPREMA
AERON
Scroll to Top