Ленти за коса што мора да ги пробате ова лето

Косата на лице, особено на лето, може да биде баш неподнослива. Доколку ја сакате својата нескротлива долга коса и слободни перчиња кои постојано паѓаат, ќе го засакате и овој мал детаљ. Во прашање се многу симпатични додатоци во вид на лента за коса. Со доаѓањето на топлите денови, веројатно ќе испробате различни начини воедно да го истакнете вашиот стил, но и да водите битка со косата која ви се лепи за лицето.

Траките за коса се во тренд ова лето и станаа толку модерни што можат да се вклопат со сите стилови на облекување. Дома, на работа, на прошетка низ град, па дури и на состанок со вашите сакани – ги има на секаде  и добредојдени се. Изгледаат така шик и шармантно, што е невозможно да им одолеете.

Поради широкиот спектар на бои, дезени, комбинации и материјали, лентите за коса претставуваат одличен моден детаљ што морате да ги испробате. Без разлика дали имате долга, кратка или коса со средна должина, таа ќе ја држи на своето место и ќе ви овозможи апсолутно да заблескате. Дневните, вечерните и сите други варијанти на излегувања со лентите  за коса ќе ви дадат нова доза на елеганција во стилот. Како и накитот, лентите за коса можат да ја истакнат вашата боја на очи, шминката или, пак, тенот, ако имаме предвид дека летото е пред нас.

Има нешто сензуално во лентите за коса, кои во голема мера асоцираат на модата од 80-тите, кога беа општ хит и си го обезбедија својот пат сè до црвениот тепих. Постојат толку неверојатни начини на кои со помош на лентите за косата можете да ја обликувате вашата фризура. Лежерни, елегантни, шармантни или диви варијанти – изборот е ваш.

Погледнете ја нашата галерија со фотографии и пронајдете ја својата инспирација.

Scroll to Top