Сандалите од велур се ултимативен хит-тренд оваа летна сезона, а претстојната есен стигнуваат и оние со затворени прсти и петици кои ќе ги обожавате во комбинација со фармерки и фустани.
Тие се елегантни и женствени, па можете да ги носите и во вечерни и во дневни комбинации. Оваа сезона најпопуларни се оние во пастелни бои, како бебешко розова и небесносина.