Летни аутфити на принцезата Дијана

Откако започна еуфоријата околу серијата „The Crown“, интересот за стилот на Лејди Ди не престанува. Бидејќи се наближува летото, одлучивме да ви ги претставиме нејзините седум најдобри издание како би ве инспирирале да се облечете како најсаканата принцеза на светот.

1. Мал бел фустан

Белата е боја на летото, а фустанот е парче кое мора да го имате за секое излегување. Модните експерти вечно говорат за малиот црн фустан како непогрешлив избор, меѓутоа Ди имаше свој личен печат. Ова лето облечете мал бел фустан и забавата е загарантирана.

2. Едноделен костим за капење

Минт и неон се нијансите кои доминираат ова година во сите сегменти на модата, па така и во доменот на костимите за капење. Принцезата од Велс неретко е видена во едноделен костим за капење, од пред неколку сезони се врати во тренд овој модел токму поради неа.

3. Како дама

Блејзер фустанот е нешто што повторно се враќа на големата врата. Ретро ревери и должина до колена се достојни за една принцеза, а ако ја прашате Дијана, доволно е добар и за трчање.

4. Џинсот е секогаш ин

Фармерки со длабок струк се модно парче кое мора да го има секој гардеробер. Не само што е идеален за секоја фигура, туку во комбинација со бела кошула и едноставен каиш дава ултимативен летен аутфит.

5. Како лимон

Цитрусните тонови се асоцијација на високи температури, а лелеавите фустани во овие нијанси се најдобар избор како за дневен така и за вечерен аутфит. Искомбинирајте го со едноставни чевли и клач торба, така што лесно ќе преминете од дневна во вечерна варијанта.

6. Моќ на цвеќињата

Ако нема цветен принт во текот на летната сезона, можеме слободно да сметаме дека не се ни случила. Сината основи и цветови во шарени бои идеално се вклопуваат со доброто парче наочари како што се кружните ленонки кои повторно доаѓаат во фокус ова лето.

7. Спортски и шик

На крајот можеби и најлегендарното издание на Дијана Спенсер: бициклистички и дуксер споен со патики и наочари за сонце. Речиси и да нема инфлуенсерка која не го ископирала овој стајлинг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fan LadyDi❤️ (@princessdiana595)

Scroll to Top