Подготвувањето на куферот за одење на море е ноќна мора на секоја жена. Без разлика колку дена ќе патувате и со кого, избирањето на модните парчиња знае да биде доста заморно.
Ви откриваме 10 парчиња облека со кои ќе изгледате одлично секој ден на летниот одмор, без проблем.
1. Плетен фустан
Овој тренд се врати на големата модна врата летото, па освен маици, чанти и шорцови, апсолутен хит се и плетените миди фустани. Одлични се за секоја пригода и се супер удобни.
View this post on Instagram
2. Чино-пантолони
Оваа сезона во тренд се модни парчиња од машки гардероби. Чино-панталоните мора да ги има секоја дама, а причината е едноставна: благодарен дизајн и материјал што не се тутка. Идеално за патување. И тие добро стојат со маици, кошули и блузи.
View this post on Instagram
3. Морнарски линии
Овој дизајн е на прво место кога станува збор за морски авантури. Маичките со морнарски ленти одат одлично со шорцови, здолништа, панталони.
View this post on Instagram
4. Плетени торби
Заборавете на огромните торби како вреќа! Плетените чанти се вистинската работа за секое патување. Покрај тоа што се тренди и може да се вклопат во стајлингот за прошетка низ град, тие се идеални и како торба за плажа.
View this post on Instagram
5. Слип-здолниште
Свилените здолништа се убави, но се тотално непрактични во лето. Тие им го отстапија просторот на слип-здолништата. Модел кој совршено паѓа е идеалното решение за патувања. Плус овие здолништа не се туткаат.
View this post on Instagram
6. Сандали на платформа
Тие може да се носат и преку ден и навечер, а добро се вклопуваат и во секоја комбинација на облека.
View this post on Instagram
7. Големи кружни обетки
Овие обетки за час го менуваат секој аутфит и го прават посебен. Изберете ги вашите омилени обетки и понесете ги со себе на патување.
View this post on Instagram
8. Смок-фустан
Благодарение на волуменот и лесниот материјал, овие фустани се идеални за лето. Тие се одличен избор за облека на плажа ако ги комбинирате со влечки. А кога ќе ги разубавите со сандали на платформа, ремен и обетки, ќе добиете одличен изглед за вечерно излегување.
View this post on Instagram
9. Свилена марама
Овој моден додаток може да послужи како белезица, ѓердан, украс за коса или како ремен. Ваше е да си поиграте со варијациите.
View this post on Instagram
10. Едноделен костим за капење
Покрај основната намена (за капење), едноделните костими за капење може да бидат и дел од дневна или вечерна варијанта, како маичка.
View this post on Instagram