„Луј Витон“ продава машка чанта во облик на авион за 39.000 долари

Модниот бренд „Луј Витон“ ја промовираше машката чанта во облик на авион која чини 39.000 долари. Нејзиниот дизајнер е креативниот директор на луксузниот моден бренд, Вирџил Абло.

Оваа необична чанта од „Луј Витон“ веќе е во продажба. Таа е дел од колекцијата есен-зима 2021/22, а првпат беше претставена во јануари на ревија во Париз.

„За тие пари може да се купи вистински авион“, e еден од коментарите на социјалните мрежи, каде што многумина ја исмеваат цената на чантата.

Американските медиуми пишуваат дека чантата чини колку половина од годишната плата на воен пилот. Чантата е инспирирана од американскиот воен транспортен авион „Ц-130-Херкулес“.

Scroll to Top