Македонски патики на насловната на италијанскиот „Вог“

Во онлајн-изданието на италијанскиот „Вог“ излезе краток осврт за Белградската модна недела, настан кој беше прогласен за најатрактивната модна платформа на Балканот. Но, интересно е што на насловната на италијанското онлајн-издание на „Вог“ е и моделот кој ги носи персонализираните патики што ги изработува скопјанецот Сатја Грабулоски.

Сатја учествуваше на Модната недела во Белград, каде ги претстави своите нови модели на персонализирани патики. Тој е единствениот кај нас кој се занимава со оваа работа. Серхио Рамос, Тимур Дибиrов, Андреа Лекиќ се само дел од познатите кои ги носат неговите патики.

„Идејата е да ја прикажеме модната сцена во Белград преку различни пристапи кон автентичниот српски дизајн заснован на наследството од балканската традиција“, изјави директорот и основач на Модната недела во Белград, Ненад Радујевиќ.

 

Scroll to Top