Манекенката Стела Тенант која беше најдена мртва се самоубила, потврди семејството

Познатата британска манекенка, Стела Тенант, која почина ненадејно во декември, се самоубила, потврди нејзиното семејство за „Телеграф“. Таа почина на 50 години во својот дом. Според семејството, музата на Карл Лагерфелд подолго време имала проблеми со менталното здравје.

„Ви благодариме за сите пораки за поддршка што ни ги испративте по смртта на Стела. Таа беше прекрасна душа која ја обожаваа сите, и семејството и пријателите, нежна и талентирана жена, чија креативност, интелигенција и хумор допреа многумина. За жал, Стла подолго време не беше добра. И покрај нашата љубов кон неа, таа не сакаше да продолжи да живее“, стои во пораката од семеството.

Стела, која кариерата ја почна во 1990те години, беше внука на Ендру Кевендиш, војвода од Девоншир. Таа студирала вајарство на Winchester School of Art, работеше со најдобрите светски дизајнери и сликаше за насловните страници на многу светски познати магазини, меѓу кои и „Вог“.

Тенант во август лани објави дека се разведува од сопругот Дејвид Ласнет по 21 година брак. Го запозна во врвот на популарноста, а по гламурозната свадба се преселија на огромниот имот на нејзините родители во Шкотска. Заедно имаат четири деца, на возраст од 15 до 22 години.

Scroll to Top