Модели на чизми кои ќе преовладуваат оваа есен

Оваа есен ќе преовладуваат три модни трендови кога станува збор за чизмите. Некои од овие модели веројатно веќе ги имате, или, е можеби вистинско време да купите нови!

Главниот хит кога станува збор за чизмите оваа есен се дефинитивно гломазните војнички чизми, иако не се омилен избор на секоја жена. Некои дами преферираат малку поелегантен моден избор, а новата есенска сезона ни носи неколку трендови и се чини дека секој може да го избере идеалниот пар за себе.

Удобноста секогаш треба да биде приоритет кога станува збор за обувки, а есенските трендови ни носат три правила при изборот на чизми, кои носат и модерност и удобност:

Чизми до колена

Ако сте купиле чизми до колена во некоја од претходните сезони, тоа е добар знак бидејќи ќе бидат апсолутен тренд и оваа есенска и зимска сезона. Што се однесува до потпетицата, тие можат да бидат со висока или блок потпетица, но популарни се и рамните за оние жени кои не се љубители на високи потпетици.

Најдобро се комбинираат со мини здолништа и фустани, а познатите дами, како што е Ирина Шајк, ги носат и со панталони. Што се однесува до нијансите, трендсетерките ги носат во сите бои: од црна до светло виолетова.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gabriele Gzimailaite (@gabrielegz)

Чизми до глужд

Минимализмот е во тренд и оваа сезона. Не се препорачува животински принт на чевли, но затоа ќе изгледате шик без ако изберете елегантни чизми во некоја неутрална боја: црна, бела или коњак. Чизмите до глужд се одлични кога имаат блок пета, а феноменални се комбинираат со панталони, без разлика на должината и ширината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aïda Badji Sané (@basicstouch)

Тесни чизми

Широките чизми излегуваат од мода оваа сезона. Тесните модели се елегантни, визуелно ја продолжуваат ногата, а и предизвикувачки се.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stella Simona (@stellasimona)

 

Scroll to Top