Модели на фустани што визуелно ги намалуваат половината и колковите

Малиот црн фустан е непогрешлива класика, која прилега за секоја ситуација. Одлично се комбинира за дневни и вечерни пригоди, а може да се носи и за извршување на секојдневните ситници, на работа или за излегување.

На пазарот може да се најдат разни модели од мини, миди и макси крој. За посвечените пригоди, попригодни се оние модели направени од свила или сатен, како и оние што се украсени со тантела и тил.

На располагање се лелеави памучни фустани, во кои кожата може лесно да дише, но и оние модели од растегливи материјали, кои ја нагласуваат женската силуета.

Малиот црн фустан е еден од најомилените видови фустани меѓу дамите затоа што визуелно го смалува телото. Ефектот ќе биде уште поизразен доколку изберете фустан со А-крој.

Scroll to Top